Енергетски систем
Енергетскиот сектор e од исклучително значење за економскиот и социјалниот развој на земјата. Модерните енергетски системи се исправени пред многубројни предизвици – климатски промени, сајбер закани, геополитички ризици, либерализиран и конкурентен пазар и сл. Таквото опкружување бара стратегиски развојни документи, холистички изработени, со учество на сите засегнати страни и со посебна грижа за ранливите групи.
Тематските основи одделно ги обработуваат следните области:
- Електрична енергија
- Природен гас, нафта и нафтени деривати
- Топлинска енергија
- Енергетска ефикасност
- Обновливи извори на енергија
- Декарбонизација
Креирањето политики што ќе резултираат во долгорочно стабилен и одржлив енергетски систем, вклучува исполнување многу критериуми, кои неретко се и конфликтни меѓу себе. Со намалување на увозната зависност, подобрување на енергетската ефикасност, сигурноста и квалитетот во снабдувањето со енергија, како и декарбонизацијата и развојот на енергетскиот пазар, енергетскиот сектор ќе може да се развива на начин што ќе овозможи конкурентност на целата национална економија.
Тематска анализа / дијагностика
Пополнете ја анкетата