Животна средина, климатски промени и живеалишта
Заштитата на животната средина и на живеалиштата, како и климатската криза со која се соочуваме, стануваат сè погласни теми. Во последните години е постигнат значителен напредок во зголемување на заштитените подрачја, донесување најамбициозни климатски акции во регионот и хармонизација на стратегиските документи во многу области. Но, многу други горливи теми, како квалитетот на воздухот и отпадот, сè уште претставуваат предизвик. Природните ресурси не се бесконечни и нивното небрежно искористување може да доведе до катастрофални последици.
Оваа тематска област е многу широка и делумно ќе биде покриена и во другите области. Областите што ќе бидат опфатени се:
- Заштита на природата
- Квалитет на воздухот
- Климатски промени;
- Заштитени подрачја
- Биолошка разновидност
Одржлив економски развој со минимално и одржливо користење на природните ресурси е срцето на новата Стратегија за развој на нашата држава. Со паметни акции засновани на податоци и наука, ќе се спречи нарушување на природната рамнотежа на екосистемите, ќе се заштитат природните вредности и ќе се овозможи хуман живот „отпорен“ на климатските промени што нè очекуваат.
Тематска анализа / дијагностика
Пополнете ја анкетата