СЕКТОР УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОТПАД
При управувањето со отпад, најважно е тој да се спречи при создавањето, па потоа да се размислува за повторна употреба или рециклирање, па на крајот третман или одлагање на депонии. Тематските основи одделно ги елаборираат следните области:
- Управување со комунален отпад, комерцијален и индустриски отпад, отпад од градежништво, уривање и ископување
- Управување со постројки за согорување отпад за добивање енергија
- Рециклирачки центри и компостирање земјоделски отпад
- Управување и третман на опасен отпад и медицински отпад
- Мил од отпадни води од пречистителни станици
- Управување со депонии, претоварни станици и санација на нелегалните депонии и загадените подрачја
- Извоз и увоз на отпад
Инфраструктурата за управување со отпад е на многу ниско ниво, има повеќе од 1.000 илегални одлагалишта, сè уште населени места што не добиваат никаква услуга од комуналните претпријатија, нема инспекција и единствена база на податоци за отпадот. Потенцијалот е огромен, бидејќи со подобрување на инфраструктурата и на системите, прибирањето податоци и примена на други мерки, може да се постигне висок степен на реупотреба и рециклирање на отпадот, да се постигнат целите на ЕУ (но и одржливите цели од поглавјето 12 на ОН) и државата да се стреми кон нула отпад и адаптирање на концептот на циркуларната економија.
Тематска анализа / дијагностика
Пополнете ја анкетата