Здравство

Во основните начела на кои почива развојот на здравствениот систем, што се вградени во Уставот на Република Северна Македонија, спаѓаат правото на здравје и заложбата за универзален, солидарен и рамноправен пристап во организирањето и финансирањето на здравствениот систем, како и стремежот кон највисоко остварливо ниво на здравје без разлика на етничката припадност, полот, возраста, општествениот статус или способноста за плаќање.

Потребно е надминување на основните слабости во системот:

  • Прекумерна алокација на ресурсите за скапите здравствени услуги во поголемите градски средини во споредба со основната нега и превентивните услуги.
  • Неефикасни и нискоквалитетни услуги поради вишок на капацитети, лоша организација, слаба регулатива, слаби механизми за спроведување на законот, недостиг на раководни вештини, немање стимулации, како и недостиг на вештини и капацитети кај давателите на услугите.
  • Високите готовински издатоци за здравството, како неформалните плаќања кон лекарите, така и плаќањата за услугите, лековите и медицинските средства што не се покриени со задолжителното здравствено осигурување.
  • Значителни слабости во финансиското управување и во внатрешната контрола.

Потребно е да се утврдат клучните стратегиски прашања и приоритети

Тематска анализа / дијагностика

Прашања поврзани со здравствениот систем во Северна Македонија

Пополнете ја анкетата

RSM
UKAID RSM UNDP UNNM

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.