ПАЗАР НА ТРУД

Област: Пазар на труд

Експерт: Димитар Николоски

Пазарот на труд претставува комплексна социо-економска категорија, која овозможува алоцирање на работниците на работните места и координирање на одлуките за вработување. Показателите за неговото функционирање, непосредно го отсликуваат „здравјето“ на економијата преку степенот на искористување на трудовите ресурси.

На страната на побарувачката за труд се компаниите што создаваат работни места како функција од нивната стопанска дејност. Од друга страна, понудата на труд ја сочинува работната сила со соодветен демографски состав и квалификации. Усогласувањето на побарувачката со понудата на труд, претставува важна претпоставка за правилно искористување на вештините со кои располага работната сила. Освен тоа, функционирањето на пазарот на труд е условено од институционалниот контекст, како и од политиките што влијаат врз интеракцијата меѓу понудата и побарувачката за труд.

Имајќи го предвид значењето на човековиот фактор во развојот на идното паметно и инклузивно општество, оваа тематска област има големо значење во остварување на поставените развојни цели.

Тематска анализа / дијагностика

Пополнете ја анкетата

RSM
UKAID RSM UNDP UNNM

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.