Владеење на правото

Коментари

Владеење на правото и борба против корупцијата

Владеењето на правото подразбира систем на функционирање на државните и на општествените институции во согласност со законските одрeдби. Демократската власт се заснова врз владеењето на правото и судската независност. Владеењето на правото подразбира поделба на власта во законодавна, извршна и судска власт како и постоење правни механизми на контрола на власта, со цел демократските вредности да бидат заштитени од арбитрарно и недемократско владеење.

За да можат институциите да работат според законот, неопходно е да постојат и ефективно да се спроведуваат механизми за заштита против корупцијата. Корупција и коруптивни практики се дејства преку кои лица што се во положба на моќ, ја злоупотребуваат својата положба за да остварат незаконски придобивки за личен интерес. Корупцијата сериозно го спречува општиот развој на земјата на начин што придонесува во уназадување на демократските вредности и на правната сигурност на граѓаните.

Воспоставувањето механизми на унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата претставува многу важна компонента во општиот економски и демократски развој на земјата.

Тематската област во Националната развојна стратегија насловена „Владеење на правото и антикорупција“ ги опфаќа следните подобласти: поделба на власта, заштита на човековите права и слободи, судство, јавно обвинителство, адвокатура, борба против корупцијата, висока корупција, корупција во јавниот сектор, корупција во приватниот сектор, механизми за заштита од корупцијата.

Тематска анализа / дијагностика

Пополнете ја анкетата

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.