НАЦИОНАЛНА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА
Вклучи се во дебата
Национална развојна стратегија (НРС) ќе ги претстави визијата и патоказот за нашата земја за следните 20 години. Оваа визија, која почнавме да ја создаваме и да ја градиме во 2021 година, ќе треба да го замисли нашето општество во следните 20 години, до 2041 година.
Размена на добри практики за просторно планирање, регионален развој и давање приоритет на јавниот интерес при планирање и искористување на земјиштето беа главната тема на денешната дебата со наслов „Поврзаноста на Националната Развојна Стратегија со просторното планирање и регионалниот развој“, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации и Амбасадата на Обединетото Кралство.
Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа јавна расправа за значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој, како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија за наредните 20 години.
Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во собранието на РСМ во „Утринска на Телма“ со Горан Петрески, за процесот на креирањето на Националната развојна стратегија
Денешната дебата, која се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија, беше посветена на локалната самоуправа и регионалниот развој. Главниот фокус на дискусијата беше дефинирањето на потребните системски промени во општините и нивниот развој во следните две децении.
Денес како дел од активностите на процесот на креирање на Националната развојна стратегија, се организираше експертска дебата на тема: Зелена и дигитална трансформација. Активностите вклучуваа креирање на мисија, стратешки цели и приоритети врз чија што основа ќе се идентификуваат активностите и процесите кои треба да се имплементираат во наредните 20 години.
Како да се постигне демографски и социјален баланс во државата беше темата на денешната експертска дебата, која се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија
Во овие две видеа на TED/TEDx, економистката Кејт Раворт ја истакнува потребата да се преиспитаат нашите економски модели и да се усвои моделот на крофна економија (doughnut economy) кој би понудил одржлива, универзално корисна економија.
Врска до видеото Врска до видеото 2
Овој извештај нè води низ тоа како можеме да користиме колективна интелигенција за целите за одржлив развој, нудејќи практични примери од Глобалната акцелераторска мрежа и нивната употреба на КИ во поддршката на Агендата за 2030 година. Во извештајот се споменува дека тој главно е насочен кон „високи службеници во националните влади, меѓународни агенции и развојни организации кои знаат дека итно треба да се преземе акција и кои сакаат да користат дистрибуирана колективна интелигенција како дел од националните стратегии за целите за одржлив развој“. Би додале дека е одлично четиво за сите што сакаат да дознаат повеќе и за „колективната интелигенција“, нејзините начела за дизајнирање и за тоа како може да се користи за поддршка на Агендата за 2030 година.
Линк до извештајот
Во публикацијата се зборува за контекстот во кој функционираат институциите/владите, исполнет со нови ризици и несигурности и за потребата да се приспособат и да изградат нови политички вештини за да се одговори на оваа реалност.
Врска до трудот
Во овој труд е објаснето како скромниот пристап кон креирањето политики може да им помогне на институциите во постигнувањето на долгорочните цели и политики. Според авторите, „за да може владата да формулира политики кои се однесуваат на најнеодложните прашања на 21. век, таа мора прво да ги реши структурните и културолошките проблеми во нејзините процеси на креирање политики. Решавањето на лошите проблеми бара креирање политики коешто ќе се оддалечи од илузијата за управување од горе надолу во мрежен модел“.
Трудот е напишан од глобалниот аналитички и истражувачки центар Демос Хелсинки, а повеќе информации може да се добијат на линковите подолу.
Врска до брошурата Врска до апстрактот на организациите за трудот
Креирањето Национална развојна стратегија има силна и недвосмислена поддршка од мнозинството граѓани
Охрабрувачки факт: Речиси 60% од граѓаните се со став дека е исклучително важно или многу важно лично да учествуваат во содржината на Националната развојна стратегија 2022 – 2042.
Ова овозможува процесот на подготовка и имплементација на стратегијата да биде отворен, транспарентен и инклузивен што беше недвосмислена заложба уште од почетокот на целиот процес.
Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.
Учествувај