КОНКУРЕНТНА И ИНОВАТИВНА ЕКОНОМИЈА
ВИЗИЈА
Македонија во следните 20 години ќе стане:
- развиена, зелена, иновативна и ефикасна економија, со мотивирана и квалитетна работна сила, која ќе бележи континуиран прогрес и одржлива конкурентност и ќе биде агилна на глобалните трендови.
МИСИЈА
Македонија преку синергија на бизнисот, државата и образовниот систем ќе создава висококвалитетна работна сила, со вештини и знаења што одговараат на потребите на пазарот на труд, кои ќе понудат производи и услуги со висока додадена вредност и ќе овозможат конкурентност во динамичниот и комплексен свет.