Стратегија
Националната развојна стратегија е долгорочен стратегиски документ, кој со инклузивен, аналитички и партиципативен пристап ќе „произведе“ аполитичен, инклузивен, долгорочен, развоен документ, со утврдени приоритети во интерес на општеството и државата.
Преку современи и иновативни модели на развој, приспособени на домашниот контекст и засновани на широка и значајна консултација со сите засегнати страни, овој стратегиски документ ќе даде јасна визија за планирана и сигурна иднина за да се одслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе.
Националната развојна стратегија ќе биде патоказ и визија за Република Северна Македонија во периодот 2024 – 2044 година, а во процес на развој идентификувани се неколку категории засегнати страни кои ќе учествуваат во создавањето на овој стратегиски документ.