Документи

Коментари

Тематски основи

Листа на документи

Преземи

Националната развојна стратегија – состојби и предизвици

Документот Националната развојна стратегија – состојби и предизвици ги резимира сите заклучоци изведени од збирните анализи по тематски области и воедно ја презентира тековната состојба и предизвиците во државата. Овој документ претставува основа за изготвување на Националната развојна стратегија. Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го изготви документот, како највисока научна и уметничка институција во државата. МАНУ беше активно инволвирана во процесот на изготвување на НРС потврдувајќи ги резултатите од претходно изготвените тематски дијагностички студии. Оваа анализа се надоврзува на документите изготвени во претходната фаза на проектот и рамката за развој МКД 2030 и ги издвојува најважните аспекти на најновата и најсовремена анализа за државата, опфаќајќи ги предизвиците и можностите во четири конкретни области – човечки капитал, раст, животна средина и енергетика, како и инфраструктура и јавни институции. Исто така, во овој документ, Визијата за државата беше изработена врз основа на идеите и предлозите кои граѓаните ги споделија на 40-те визионерски работилници, наречени Dream Labs, што ги организиравме во 2022 година.

Преземи

Иновативни алатки за финансирање на стратешки документи

Оваа студија дава преглед на тековните механизми за финансирање на клучните национални развојни документи/планови/стратегии и на лекциите кои може да се научат за носечките и иновативни средства за финансирање во нашиот контекст.

Преземи

Список со факти

Кратка информација за процеситe/подготвените документи поврзани со процесот на подготовка на Националната стратегија за развој 2022 - 2042 година

Преземи

Методолошки пристап (Методологија)

Методолошката и управувачката рамка ќе обезбеди долгорочна визија и патоказ за економскиот, социјалниот, културниот и еколошкиот развој на Северна Македонија. Главниот фокус беше на создавање можности и социјална отпорност за справување со растечката несигурност и ризик во нашиот меѓусебно поврзан свет, како и на климатските промени и дигиталната трансформација. Моделот што ќе се користи при подготовката на Националната развојна стратегија 2022 - 2042 година - „Donut Model“ е визуелна рамка за „безбеден и праведен простор“ создадена од Кејт Раворт. Оваа рамка го комбинира концептот на планетарни граници првично предложен од Јохан Рокстром и неговите колеги со комплементарниот концепт на општествени граници додаден од Раворт.

Преземи

Студија за локален развој

Аналитички инпут фокусиран на интеракцијата помеѓу локалниот развој и националната развојна стратегија и насоки за конструктивно вклучување на локалните власти во процесот на национално планирање.

Преземи

Студија за усогласување со ЕУ

Извештај за интеграција на процесот на пристапување во ЕУ во Националната стратегија за развој

Преземи

Компаративна студија

Целта на оваа студија не е да обезбеди сеопфатна анализа на секоја или на која било од земјите, туку да наиде на клучни лекции што можат да го информираат процесот и структурата на пишување на НДС во Северна Македонија. Опфаќа 7 окрузи и е поделен на 3 секции.

Преземи

RSM
UKAID RSM UNDP UNNM

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај


© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.