Денес се одржа првата работна средба на Работниот комитет за Патна инфраструктура и железница во рамките на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија. На настанот, воведно се обрати генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Игор Јанушев, кој ја истакна важноста на патната инфраструктура и железница како клучни фактори за економскиот развој и социо-економската стабилност на земјата.
На 18 ноември 2024 година се одржа втората тркалезна маса посветена на развојот и дефинирањето на алатките за мониторинг и евалуација на Националната развојна стратегија 2024-2044. На настанот, кој беше организиран со цел да се презентираат резултатите од процесот на вклучување на засегнатите страни, присуствуваа клучни претставници од јавниот, приватниот сектор, како и граѓанското општество.
На 15 ноември 2024 година, во рамките на Националната развојна стратегија, се одржа Првата работилница на Работниот комитет на тема Дигитализација, која ги обедини клучните чинители од различни сектори на нашето општество.
На 14 ноември 2024 година беше успешно одржана Третата работилница во рамки на процесот на операционализација на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија, со фокус на развивање на пилот политики за интеграција на мигранти и бегалци. Работилницата беше дел од серијата настани чија цел е да се поттикне соработката меѓу клучните засегнати страни во креирањето и имплементацијата на сеопфатни пилот проекти, кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на Националната развојна стратегија.
На 8-ми ноември 2024 година, во рамките на процесот на спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044, се одржа работна средба на работен комитет посветен на темата „Енергетика“. Средбата се одржа со цел понатамошно дефинирање на клучните приоритети и активности во енергетскиот сектор, како дел од стратегијата за долгорочен економски развој на Република Северна Македонија.
На 7 ноември 2024 година, се одржа првата округла маса посветена на алатките за мониторинг и евалуација на Националната Развојна Стратегија (НРС) 2024-2044. Овој настан го водеше проф. д-р Александар Стојков, а воведно се обрати генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Игор Јанушев.
На 29 октомври 2024 година се одржа Вториот дијалог за Даночната политика, посветен на унапредување на Целите за одржлив развој (ЦОР) и спроведување на Националната развојна стратегија (НРС), со акцент на концептите TAX4SDGs и TAX4NDS. Овој значаен настан имаше за цел да ги истакне виталните аспекти на ефективното оданочување како клучен инструмент не само за генерирање приходи, туку и за промовирање на инклузивност, одржлив развој и отпорност на глобалните предизвици.
На 17 октомври 2024 година, се одржа втората работилница посветена на операционализацијата на Националната развојна стратегија, со акцент на развивање на пилот политики за интеграција на мигрантите и бегалците во социјалниот, економскиот и политичкиот живот.
На 9 октомври 2024 година, се одржа првата од три работилници за операционализација на Националната развојна стратегија, со акцент на развивање на пилот политики за интеграција на мигрантите и бегалците во социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Овие активности се во насока на остварување на целите од Националната развојна стратегија, во рамките на стратешката област „Владеење на правото и добро управување“.
На 4 октомври 2024 година, се одржа првиот состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС) со повеќе од 200 учесници. Овој настан означува почеток на заеднички напори за остварување на целите на Националната развојна стратегија, применувајќи пристап кој го опфаќа целото општество.
На 3 октомври 2024 година, се одржа Првиот дијалог за даночната политика за унапредување на Целите за одржлив развој (Агенда 2030) и спроведување на Националната развојна стратегија (TAX4SDGs и TAX4NDS). Овој значаен настан го отвори Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски.
На 23 септември 2024 година, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа втората седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваа Амбасадорот на Обединетото Кралство, г-дин Метју Лосон, г-ѓа Рита Колумбиа, Постојан координатор на Обединети Нации, г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, како и високи државни функционери односно Претседателот на Владата и негови заменици, министри, Генералниот секретар на Владата, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, МАНУ, координатори на политички партии во Собранието, претставници од стопанските комори, синдикати, градоначалници односно претседатели на советите за развој на планските региони, претставници од универзитетите, и од Националниот младински совет.
Состанок на советодавното тело - NDS/SDG Инвестициската мапа
Контролни табли со клучни индикатори на НРС со приказ на целите и и показателите кои се однесуваат на секоја стратешка област. Приказ на почетна состојба, среднорочните проекции (2034 година) и долгорочните проекции (2044 година)
Целта на овој повик е создавање на регистар/база на надворешни експерти како членови на Работниот комитет, кои повремено ќе бидат ангажирани во подготовката и ажурирањето на текстот на Националната развојна стратегијата и на Програмата за нејзино спроведување.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024-2044 – најголемиот стратегиски документ во кој се дефинирани главните цели и мерки за развојот на земјата во следните 20 години.
Националната развојна стратегија го трасира развојниот пат на Северна Македонија во следните две децении
Собранието денеска го усвои Законот за Националната развојна стратегија со поддршка на пратениците од власта и опозицијата од речиси сите политички партии кои се застапени во законодавниот дом. Ова го отвора патот за усвојување и на текстот на најсеопфатниот стратешки документ од осамостојувањето на државата, во кој се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија во наредните 20 години.
Драфт верзијата на Националната Развојна Стратегија е сега достапна на Електронскиот Национален Регистар (ЕНЕР) за јавна консултација. Сите заинтересирани страни, вклучувајќи владини институции, претпријатија, академски институции, невладини организации и граѓани, имаат можност да го прегледаат нацрт документот на ЕНЕР и да достават свои видувања, коментари и сугестии.
Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации.
Денеска се одржа работилница на која учествуваа повеќе од 200 ученици од основните и средните училишта во државата. Научија како да препознаваат дезинформации и зошто лажните вести се штетни. Се запознаа и со главните цели на Национална развојна стратегија/Strategjia Kombëtare për Zhvillim, процес кој го дефинира развојниот пат на државата во следните 20 години.
Повеќе од 400 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, експерти од различни области, голем број млади и младински организации, вчера и денеска учествуваа на финалните консултации за Националната развојна стратегија.
Повеќе од 200 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, експерти од различни области, голем број млади и младински организации учествуваа на денешните финални консултации за Националната развојна стратегија.
Предвидувања и размислувања за иднината беше темата на денешната дискусија, која се одржа како дел од процесот на подготовка на Нацоналната развојна стратегија. На денешниот настан присутните разговараа за секоја од шесте стратешките области во стратегијата и како процесот на информирани предвидувања за иднината да се искористи за поуспешна имплементација на НРС во претстојниот период.
Подобро користење на постојните, воведување иновативни инструменти и механизми, како и мобилизирање дополнителни ресурси за финансирање на Целите за одржлив развој беше главната тема на денешната дискусија, која ја оргнизираше Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Безбедно и отпорно општество беше темата на денешната дискусија, која се одржа како дел од процесот на подготовка на Нацоналната развојна стратегија. Учесниците на настанот разговараа за идниот стратешки развој, односно финализирање и вклучување на различните гледишта за стратешките цели и приоритети во финалниот документ на стратегијата, од аспект на безбедност и отпорност на општеството.
„Унапредување на еколошка правда – состојби, предизвици и перспективи“ е главна тема на дводневните панел дискусии со засегнати страни, поврзани со процесот на подготовка на Националната развојна стратегија.
Неопходни се реформи во правосудството, борба против корупцијата, департизација и деполитизација на јавните институции за да може да се постигне целта за владеење во функција на граѓаните, која е една од стратешките области на Националната развојна стратегија. Ова беа пораките на денешната Јавна расправа во Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Северна Македонија, која се одржа како дел од сеопфатниот процес на подготовка на Националната развојна стратегија (НРС).
Поттикнувањето поиновативна и поконкурентна економија е една од целите содржани во Националната развојна стратегија, документ кој го исцртува развојниот пат на државата во наредните 20 години. Со цел отворање поширока дебата на оваа тема, денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа Јавна расправа за утврдување на стратешките цели и приоритети и потребните системски промени во следните две децении во областа на иновативната и конкурентната економија.
Обезбедување одржливост на Националната развојна стратегија (НРС) во следните 20 години и зајакнување на капацитетите на институциите за систематско истражување и предвидување на иднината се главните теми на дводневната обука „Антиципативно планирање и управување“.
Просторното планирање и регионалниот развој треба да имаат водечко место при креирањето политики за патот по кој ќе се движи државата во наредните години, заклучија пратениците на денешната дебата за Националната развојна стратегија, која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија.
Размена на добри практики за просторно планирање, регионален развој и давање приоритет на јавниот интерес при планирање и искористување на земјиштето беа главната тема на денешната дебата со наслов „Поврзаноста на Националната Развојна Стратегија со просторното планирање и регионалниот развој“, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации и Амбасадата на Обединетото Кралство.
Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа јавна расправа за значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој, како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија за наредните 20 години.
Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во собранието на РСМ во „Утринска на Телма“ со Горан Петрески, за процесот на креирањето на Националната развојна стратегија
Денешната дебата, која се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија, беше посветена на локалната самоуправа и регионалниот развој. Главниот фокус на дискусијата беше дефинирањето на потребните системски промени во општините и нивниот развој во следните две децении.
Денес како дел од активностите на процесот на креирање на Националната развојна стратегија, се организираше експертска дебата на тема: Зелена и дигитална трансформација. Активностите вклучуваа креирање на мисија, стратешки цели и приоритети врз чија што основа ќе се идентификуваат активностите и процесите кои треба да се имплементираат во наредните 20 години.
Како да се постигне демографски и социјален баланс во државата беше темата на денешната експертска дебата, која се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија
Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија кој е проширен со два нови членови, претставници на бизнис и граѓанскиот сектор.
Владеење во функција на граѓаните беше темата на денешната експертска дебата, која се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија.
Денес се одржува експертска дебата како дел од развојот на Националната развојна стратегија во рамките на стратешката област посветена на територијалниот развој. Оваа дебата претставува дел од активностите на процесот на подготовка на Националната развојна стратегија.
Експертска дебата за предизвиците, идните приоритети и социјалните промени во стратешката област конкурентната и иновативна економија успешно се одржа како дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија.
Фокусот на разговорот е идејата и мотивот за создавање сеопфатен стратешки документ, како и важноста на процесот, активностите кои до овој момент се реализирани и заложбите за успешна реализација на предвидените активности во иднина.
Во Собранието на Република Северна Македонија се одржа презентација на досега спроведените активности за креирање на Националната развојна стратегија 2024-2044.
Во насока на креирањето на Национална развојна стратегија беше организирана работилница со тема „Предизвици, идни приоритети и социјални промени во надворешната безбедносна и одбранбена политика“.
Цел на оваа работилница беше методолошки и според дефинирани чекори да се издвојат најбитните стратешки области на НРС. Националната Развојна Стратегија е комплексен процес за водење, на кој е потребна заедничка работа и синергија на сите постоечки сектори во државата. Овој процес е од големо значење за иднината односно развојот на нашата држава и затоа бара методичност и внимателен пристап при креирањето.
Денеска се одржа визионерска работилница со фокус на заедничката надворешна и безбедносно-одбранбена политика, како дел од консултативниот процес за креирање на Националната развојна стратегија.
Се одржа вториот состанок на управниот одбор на процесот на креирање на Националната развојна стратегија.
Успешната имплементација на Националната развојна стратегија зависи од капацитетите на идните влади навреме да обезбедат одржливи извори на финансирање.
Зелена економија, јавни институции и наука и истражување беа темите на кои се дискутираше на трите Визионерски работилници за Националната развојна стратегија (НРС), кои се одржаа денеска во Скопје.
Бизнис заедницата очекува иднината да донесе стабилен енергетски систем, реформа на пазарот на труд и на образовниот систем за да се задржат младите, ефикасна и мала државна администрација, поттикнување на женското претприемништво
Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.
Учествувај