СИГУРНО, БЕЗБЕДНО И ОТПОРНО ОПШТЕСТВО
МИСИЈА
Нашата мисија е да создадеме сигурно, безбедно и отпорно општество, што им овозможува успех на сите поединци и бизниси. Ќе бидат користени динамични стратегии што поттикнуваат меѓусебно поврзано и координирано владеење, справувајќи се со ризикот и со заканите на домашно и на меѓународно ниво. Нашиот примарен фокус е да се подобри отпорноста преку координирани напори на сите релевантни сектори коишто се клучни за националната безбедност и градење на отпорноста. Ефективното споделување информации 76 е од најголема важност и во рамките на националната безбедносна рамка и во корелација со клучните носители на одлуки. Фокусот е да се даде приоритет на човековата безбедност, да се подобри државната и општествената отпорност, да се промовира општествен развој, да се заштити националниот и културниот идентитет и да се зајакне безбедноста и стабилноста за сите на локално ниво со посебен фокус на специфичните предизвици и ранливости со кои се соочуваат жените и мажите. За да се остварат овие цели, усвојуваме интегриран државен пристап што опфаќа меѓународен ангажман по потреба, за ефективно да се антиципираат и да се решат современите и потенцијалните ризици и закани.
ЦЕЛИ
За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:
1. Општество што е отпорно на кризи и на катастрофи
Приоритети
1. Трансформиран систем за управување со ризик од катастрофи со фокус на превенција
2. Функционален систем за рано предупредување за повеќе опасности
3. Планирање на превенцијата и намалување на ризикот
4. Интегрирано и соодветно финансирање за отпорност
5. Научни и технолошки иновации за отпорност на катастрофи и климатска отпорност
6. Отпорна инфраструктура и услуги – национално и регионално ниво
2. Заедници отпорни на климатски промени
Приоритети
1. Процена, мапирање и планирање на адаптација кон климатските промени
2. Подготвеност и одговор на климатски ризици
3. Локални и регионални инфраструктура и услуги отпорни на климатски промени
3. Интегралната безбедност како клуч за справување со предизвиците поврзани со безбедноста и со надворешната политика
Приоритети
1. Модерен концепт за создавање безбедносна политика
2. Контролна функција на собранието врз создавањето и спроведувањето на безбедносната, одбранбената и надворешната политика
3. Генералштаб на армијата, дел од министерството за одбрана
4. Сигурен и еднаков сојузник на НАТО