Одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија

Коментари

ОДРЖЛИВ ЛОКАЛЕН И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ШТО ОБЕЗБЕДУВА КОХЕЗИЈА

МИСИЈА

Сите граѓани во Република Северна Македонија, без разлика на местото на живеење, имаат еднаков пристап до можности за висок квалитет на живот. Партнерството и соработката со локалните заедници резултира со зајакната инфраструктура и со услуги што го поттикнуваат економскиот раст и социјалниот напредок, како и адресирање на потенцијалните родови диспаритети.

Имајќи го предвид пристапот со промена на системот на кој се темели НРС, оваа стратешка област треба да се земе предвид во комбинација со сите други.

ЦЕЛИ

За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:

1. Намалени диспаритети во рамките на и меѓу планските региони

Приоритети

1. Полицентричен просторен развој и висок степен на внатрешна и на надворешна територијална кохезија

2. Населени места со развиена инфраструктура и динамичен социоекономски и културен живот

3. Квалитетни и инклузивни јавни услуги

2. Капитална инфраструктура во функција на подобар живот

Приоритети

1. Изградени и одржувани европски инфраструктурни коридори и безбедна и модерна патна и железничка мрежа

2. Дигитализирано и функционално просторно и урбанистичко планирање

3. Одржлив систем на долгорочно финансирање и градење отпорна капитална инфраструктура

3. Функционални и фискално одржливи општини

Приоритети

1. Единици на локална самоуправа што на ефективен начин ги извршуваат своите надлежности

2. Фискално автономни единици на локална самоуправа со силни сопствени извори на приходи

3. Фискални трансфери засновани на перформансите и на потребите на локалните самоуправи

4. Родово-одговорен пристап во управувањето и буџетирање во локалните самоуправи

ТЕРИТОРИЈАЛЕН РАЗВОЈ

Преземи документ

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Scroll to top

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

Создаваме иднина заедно, НРС 2024-2044. Сите права задржани.