Демографска ревитализација, социјален и културен развој

Коментари

ДЕМОГРАФСКА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И СОЦИЈАЛЕН И КУЛТУРЕН РАЗВОЈ

МИСИЈА

Поттикнување на демографската ревитализација и на социјалниот развој во Република Северна Македонија, создавајќи одржлива средина во која сите поединци и заедници можат да напредуваат. За остварување на оваа цел, потребна е примена на пристап што промовира координирано управување,  проактивно планирање и иновативни стратегии за справување со демографските промени и социјалните предизвици. Нашиот примарен фокус е на подобрување на општествениот развој и на демографската стабилност преку соработка со сите релевантни сектори од суштинско значење за благосостојбата на нашето општество, преку препознавање на специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат жените и мажите. Во нашата мисија е најважно начелото на ефективно споделување информации и меѓусекторска соработка, бидејќи гарантира сигурност дека нашите политики на зајакнувањето и на вклучувањето на сите поединци, промовирање на културниот идентитет и градење социјална отпорност имаат приоритет. Основната идеја е да се создаде општество што е демографски ревитализирано, економски просперитетно, интегрирано во меѓународните текови и социјално кохезивно, обезбедувајќи безбедност и стабилност за сегашните и за идните генерации.

ЦЕЛИ

За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:

1. Балансирани и одржливи демографски движења

Приоритети

1. Рамнотежа меѓу семејните и професионалните обврски

2. Развиена институционална соработка, координација и промовирање на реинтеграцијата на дијаспората

3. Демографски ревитализирани рурални места

4. Достапно и квалитетно домување

5. Системско управување со внатрешни и со надворешни миграциски текови

2. Здрави и среќни луѓе

Приоритети

1. Граѓани што практикуваат здрав начин на живот

2. Граѓани фокусирани на превентивна здравствена заштита за сите фактори на ризик

3. Граѓани што живеат во ментална благосостојба

4. Јавен здравствен систем што предвидува и се справува со постојните и со идните здравствени и финансиски предизвици

3. Инклузивен и ефикасен систем на социјална заштита и социјална сигурност

Приоритети

1. Проактивна превенција од социјални ризици

2. Правичен систем на социјална заштита со соодветно таргетирање на ранливите категории

3. Развиени јавни социјални услуги достапни за сите

4. Социјални трансфери усогласени со животниот стандард

5. Интегрирани и активирани ранливи групи во општеството во согласност со индивидуалните можности

6. Финансиски стабилни и одржливи столбови на пензиското осигурување

7. Зачувување на куповната моќ на пензиските примања

8. Имплементиран концепт на активно стареење

9. Функционален систем на превенција и заштита од насилство врз жените и родово-засновано насилство

4. Општество засновано на знаење, критичко размислување и вредности

Приоритети

1. Задолжително предучилишно образование

2. Резултати од учење во формално образование усогласени со меѓународни стандарди

3. Меѓународно препознаени и конкурентни високообразовни и научни институции

4. Информалното образование признаено во системот на вештини

5. Воспитно-образовен систем што ги поттикнува и ги развива демократските вредности во општеството

5. Препознатлив културен идентитет и вредности

Приоритети

1. Развиени културни, креативни индустрии и спорт

2. Културата, мултикултурата и културното наследство во функција на туризмот

3. Културно наследство отпорно на ризици

СОЦИЈАЛЕН И ДЕМОГРАФСКИ БАЛАНС

Преземи документ

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Scroll to top

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

Создаваме иднина заедно, НРС 2024-2044. Сите права задржани.