ЗЕЛЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
МИСИЈА
Стратешка мисија на Република Северна Македонија е засилено да работи на зелена енергетска трансформација и да се позиционира како регионален лидер во одржливиот развој и во грижата за животната средина, имплементирајќи ја транзицијата кон нискојаглеродна економија, истовремено обезбедувајќи раст. Основната примарна цел во оваа насока е значително да се намалат емисиите на стакленички гасови, да се подобри квалитетот на воздухот и да се подобри енергетската ефикасност, а со тоа да се обезбеди поздрава животна средина за граѓаните, интегрирајќи ја родовата перспектива во политиките и во програмите за животна средина. Истовремено, потребна е обнова на системот за управување со отпад и со отпадни води со зголемување на стапките на рециклирање и воспоставување стандардизирани депонии, со што ќе го намалиме нашиот еколошки отпечаток. Заштитата на природата и на биодиверзитетот е од суштинско значење за подобрување на животната средина.
ЦЕЛИ
За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:
1. Климатски неутрално општество со низок процент на енергетска сиромаштија
Приоритети
1. Енергетска ефикасност - прв избор на граѓаните и на компаниите
2. Електрифицирана и дигитализирана железница и висок процент на возила на чиста енергија
3. Индустрија со високоразвиени чисти технологии
4. Праведна транзиција од електроцентрали што користат јаглен
5. Енергетската сиромаштија намалена со таргетирана поддршка
2. Здрава и чиста животна средина
Приоритети
1. Циркуларната економија е целосно воспоставена
2. Паметни и одржливи населени места
3. Заштитена биолошка разновидност и одржливо управувани живеалишта
4. Земјоделство и прехранбен систем со одржливи земјоделски практики, ефикасно управување со ресурсите и примена на еколошки прифатливи технологии
5. Рационално користење на природните ресурси и висока свест за животната средина
6. Езерски, речни и шумски системи без штетно антропогено влијание
7. Функционален систем за мониторинг и за управување со климатските промени и животната средина