Просторно планирање

Коментари

ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Експерт: д-р Душица Трпчевска Анѓелковиќ, д.и.а.

Просторното планирање е мултидисциплинарна дејност, чија цел е долгорочна проекција на одржлив просторен развој.

Просторните планови имаат карактер на законски проекти, обврската за нивна изработка е предвидена со Уставот на РСМ, а нивното донесување се спроведува низ демократска и транспарентна постапка во Собранието на Република Северна Македонија.

Просторниот план е документ што нуди решенија за сите сегменти од општествениот развој што имаат просторни импликации: намена и користење на земјиштето, просторна локација и алокација на стопански, нестопански и јавни функции, систем на населени места, просторна разместеност на целокупната инфраструктура и насоки и мерки за заштита и унапредување на животната средина, природата и културното наследство, како и заштита од воени разурнувања, природни и технолошки катастрофи.

Просторните планови претставуваат концептуална рамка за изработка на сите планови и планска документација од пониско ниво, а со нив, како највисоки стратегиски документи, задолжително се усогласуваат сите секторски стратегии, развојни планови и програми и друга документација за дејности од јавен интерес.

Тематска анализа / дијагностика

Пополнете ја анкетата

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.