Националната развојна стратегија е клучен стратешки документ што ја дефинира визијата за развој на Република Северна Македонија, која во основа се темели врз три базични национални развојни цели:
- Зајакнување на конкурентноста на економијата преку функционален и иновативен екосистем, усовршување на вештините, знаењето, вклученоста и отпорноста на граѓаните;
- Модели на управување што се отворени, отчетни, сеопфатни и отпорни, способни да спречат и соодветно да реагираат, поттикнувајќи просперитет за сите општествени групи;
- Социјалната инклузија што подразбира подобрени социјални, здравствени и образовни услуги во насока на обезбедување корист за поединците, бизнисите и за општеството во целина.
Овие национални развојни цели се планира да се реализираат преку шест клучни стратешки области:
- Одржлива, иновативна и конкурентна економија;
- Одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија;
- Демографска ревитализација, социјален и културен развој;
- Сигурно, безбедно и отпорно општество;
- Владеење на правото и добро управување и
- Зелена трансформација.
Развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се централни елементи и се основен предуслов за напредок во секоја стратешка област.